Црногорски митрополит го проколна својот премиер

Од:

Митрополитот црногорско-приморски, Амфилохије со остри зборови ја осуди политиката на Подгорица кон Русија и рече дека премиерот Мило Ѓукановиќ одлуката ја донел во име на владата, но не и во име на Црна Гора и Црногорците.

Амфилохије по повод претставување на книгата „Вратете и се на Русија“ на директорот на рускиот Институт за стратешки истражувања (РИСИ), Леонид Решетњиков, ја искористи можноста и упати критики до раководството во државата.

-Кој не и е верен на еднојазична и еднокрвна Русија, да даде Господ живо месо да паѓа од него, да биде проколнат три пати и 3.000 пати од мене. Тоа е она што го остави Свети Петар Цетињски на своите Црногорци, поради тоа би било добро и сегашниов претседател на владата да ги прочита овие зборови, во момент кога за прв пат во историјата воведува санкции за Русија – порача Амфилохије Радовиќ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора