Црногорската СДП ќе се жали во Уставниот суд за третата кандидатура на претседателот Филип Вујановиќ

Од:

Социјалдемократската партија на Црна Гора (СДП) најави дека денеска ќе поднесе жалба до Уставниот суд на кандидатурата на претставникот на Демократската партија на социјалистите и актуелен претседател на земјата Филип Вујановиќ на претседателските избори во Црна Гора, закажани за 7 април.

ДПС и СДП се долгодишни коалициски партнери, но и покрај тоа партијата чиј лидер е Ранко Кривокапиќ, го оспорува токму правото на Вујановиќ на уште еден претседателски мандат, бидејќи, наводно, нема законско право на тоа.

Вујановиќ до сега два пати беше избиран за црногорски претседател, но постои дилема дали му се смета првиот мандат, со оглед на тоа дека Црна Гора тогаш не беше независна држава.

СДП претходно порача дека Вујановиќ ја нема политичката поддршка на оваа партија во трката за претседател на Црна Гора.

Државната изборна комисија вчера ја потврди кандидатурата на Вујановиќ на претседателските избори, што е првата официјална кандидатура за претседател на Црна Гора.

Лидерот на ДПС и црногорски премиер Мило Ѓукановиќ претходно изјави дека кандидатурата на Вујановиќ несомнено е во согласност со Уставот на Црна Гора.

ДПС жали што за претседателската кандидатура на Вујановиќ не е постигнат целосен коалициски консензус, ни и без него, тој има доволна поддршка за да победи уште во првиот круг од изборите, оцени Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ изрази увереност дека немањето поддршка од СДП за Вујановиќ нема негативно да влијае на односите во парламентарното мнозинство и во функционирањето на Владата на Црна Гора.

Потписите на избирачите за поддршка на кандидатот за претседател на Црна Гора се даваат во просториите на општинските изборни комисии на пропишани обрасци и се собираат до 18 март.

Освен Вујановиќ, кандидатури до сега најавија и лидерот на Демократскиот фронт Миодраг Лекиќ и претставникот на Стопанската комора Раде Бојовиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора