Црногорската опозиција бара распишување нови претседателски избори

Од:

Органзаторите на граѓанските протести планираат утре од претседателот на Собранието на Црна Гора Ранко Кривокапиќ да побараат во рок од 15 дена распишување на нови претседателски избори и покренување иницијатива за измена на изборниот законик, пишува црногорскиот весник „Вијести“.

Нацрт барањето, околу кое вчера разговараа претставници на политичките партии, цивилниот сектор и здруженијата кои го поддржаа Миодраг Лекиќ, предвидува да не се признаат резултатите од претседателските избори и од Кривокапиќ да се бара распишување нови.

Организаторите на протестот од Кривокапиќ планираат барање за измена на изборниот законик со што ќе се спречат нерегуларностите регистрирани на претседателските избори.

Ова, меѓу другото, се однесува на постапката за гласање по пат на пошта, злоупотреба на државните ресурси за кампања и ажурирање на гласачките листи.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора