Црногорската опозиција бара поништување на претседателските избори

Од:

Претседателскиот кандидат на Црна Гора и лидер на „Демократскиот фронт“, Миодраг Лекиќ, вчера изјави дека опозицијата подготвила предлог закон што предвидува поништување на резултатите од претседателските избори на 7 април 2013 година и спроведување на ново гласање, соопштија руските меиидуми, поиивкувајќи се на црногорскиоот весник „Вијести“.

Лекиќ денеска планира да се сретне со претседателот на црногорскиот парламент Ранко Кривокапиќ и со него да ги разгледа начините за излез од политичката криза, што во Црна Гора почна веднаш по претседателските избори.

Политичката криза во Црна Гора се појави откако Лекиќ не го призна својот пораз на изборите и властите ги обвини за фалсификување на резултатите од изборите.

Лекиќ изјави дека неговата партија ќе продолжи да го бојкотира парламентот. При тоа тој изрази надеж дека и другите партии ќе го следат примерот на „Демократскиот фронт“.

Државната изборна комисија на Црна Гора на 22 април ја прогласи победата на кандидатот на владеачката Демократска партија на социјалистите, Филип Вујановиќ.

Според податоците на Државната изборна комисија за Вујановиќ гласале 51,21 проценти, а за неговиот противник Мидораг Лекиќ 48,79 проценти од избирачите.

Според пресметките на штабот на Лекиќ, меѓутоа, лидерот на „Демократскиот фронт“ извојувал победа со 50,5 проценти од гласовите, а Вујановиќ освоил 49,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора