Црногорците официјално имаат своја католичка црква

Од:

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора ја регистрираше Црногорско католичката црква, со што го прекрши договорот кој што е потпишан со Ватикан.

Во соопштение се наведува дека верската заедница на Црногорската католичка црква пријави постоење, со седиште во Сутоморе.

Канцеларот на Которската бискупија, Павао Медаќ верува дека некој на лош начин се шегува, бидејќи како што наведе би било скандалозно доколку МУП регистрира такво нешто и дозволи да се злоупотреби името на Католичката црква.

-Верувам дека е во прашање некое здружение на граѓаните кое се регистрирало како невладина организација. Во секој случај МУП не смее да дозволи злоупотреба – изјави тој.

Во Црна Гора се уште е на сила Законот за верска заедница од 1977 година. Црна Гора и Ватикан на 27-ми јуни 2011 година, потпишаа целосен договор. Со документот беше регулиран правниот статус на Католичката црква во Црна Гора.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора