Црна Гора засега не е на црната листа за враќање визи

Од:

Црна Гора, засега, не се наоѓа на „црната“ визна листа и не и се заканува укинување на безвизниот режим, но според весникот „Дневне новине“, од Брисел пристигнуваат пораки дека земјите од Западен Балкан мора да се ангажираат и да го намалат бројот на азилантите.

Повикувајќи се на извори во Брисел, весникот наведува дека оттаму пристигнува јасна порака дека земјите од Западен Балкан, па и Црна Гора мора да ги искористат своите капацитети за да се ангажираат и да спречат повторно воведување визи за своите граѓани.

Според тие извори, бројот на азилантите мора да биде минимален.

Известувачот на Европскиот парламент за визна либерализација Тања Фајон претходно потврди дека се уште траат преговорите за механизмот за суспензија на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.

Амбасадорот на Германија во Црна Гора Пиус Фишер за весникот изјави дека бројот на азиланти од Црна Гора во моментот не го оправдува укинувањето на безвизниот режим.

Фишер истакна дека во 2012 година некои држави членки на Шенген бележат пораст на барањата за азил, особено од Србија и Македонија.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора