Црна Гора во потрага по 57 државјани исчезнати во војните во порашна Југославија

Од:

Црна Гора е во потрага по 57 свои државјани исчезнати во војните на подрачјето на поранешна Југославија во 90-те години на минатиот век, соопштија црногорските власти.

– На територијата на Косово се бараат 44 лица, десет во Босна и Херцеговина и три во Хрватска, соопшти Владата.

Претседателот на владината Комисија за исчезнати лица Драган Ѓукановиќ и координаторот на Регионалната канцеларија на УНДП Ивана Јовановиќ договорија идна соработка и размена на информации важни за решавање на судбината на исчезнатите.

– Договорено е Канцеларијата на УНДП да овозможи повеќе техничка и стручна помош во постапката на барање, размената на податоци и билатералната соработка со државите во регионот, се наведува во соопштението.
Црногорската Влада досега има потпишано протоколи за соработка со слични комисии во Хрватска, во Србија и во Косово, а во тек се преговори и со Советот на министри на БиХ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора