Црна Гора: Во Беране затруени 500 лица

Од:

Околу 500 граѓани на Беране, побарале лекарска помош, поради стомачни проблеми, предизвикани најверојатно од неисправноста на водата за пиење.

Хигиено-епидемиолошката служба од Медицинскиот центар во Беране, во соработка со Институтот за јавно здравје, спроведува епидемиолошки истражувања, а на граѓаните им се препорачува да употребуваат провриена вода.

-Клиничката слика на заболените е блага, главно краткотрајна, пропратена со мачнини, повраќање и грчеви во стомакот – изјави директорката на Медицинскиот центарво Беране, Зухра Хадровиќ.

Тешко е да се процени колкав е бројот на оние кои сами се лекуваат дома, и кои не побарале лекарска помош, но се верува дека е два или три пати поголем, пишуваат медиумите.

За инфузии се чека на ред, и покрај тоа што пациентите со поблаги симптоми, со лекарски совети се испратени на домашно лекување.

Голем број деца на помала возраст се хоспитализирани на Детското одделение во Општата болница, чиј капацитет за кратко време е исполнет.

Она што е познато е дека на подрачјето каде што минува градскиот водовод, веќе месец дена се изведуваат работи на патот и дека во повеќе наврати, особено во последните денови, водата од градскиот водовод била особено нечиста.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора