Црна Гора со протестна нота ја предупреди Приштина за активностите на косовската опозиција

Од:

Црногорското Министерство за надворешни работи и европски интеграции денеска упати протестна нота до Приштина заради поставувањето на албанското знаме и табла со натписот „Република Косово“ и „Добро дојдовте“, која пратениците на косовското радикално опозициско движење „Самоопределување“ ги поставија на црногорска територија за да покажат каде е „вистинската граница“.

Знамето и таблата, што се поставени меѓу „граничниот премин Кула и граничниот премин Савина“ вчера ги отстрани црногорското МВР.

Подгорица во нотата ја предупредува Приштина во иднина да ги спречува сличните активности, бидејќи со нив се оспорува, како што се наведува, веќе усогласената спогодба за разграничување, што беше потпишана во Виена во 2015 година.

Во нотата, истовремено,  се потсетува дека Црна Гора веќе ја ратификовала оваа спогодба.
Знамето и таблата на Албанија беа поставени од пратеници на Самопределување, наведувајќи дека тоа бил начин граѓаните да се спротивстават на „подарувањето земја на Црна Гора врз основа на спогодба заради која повеќе месеци се води спор меѓу опозицијата и властите во Приштина“.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора