Црна Гора: Расте бројот на заболени во Беране

Од:

Во Медицинскиот центар во Беране и Заводот за итна медицинска помош, вчера до 14 часот помош побарале 1.001 пациенти со стомачни проблеми.

На Детското одделение во Општата болница се хоспитализирани пет деца, додека на Инфективното одделение на болничко лекување се задржани четири лица, пренесуваат медиумите.

Клиничката слика на заболените е краткотрајна, пропратена со мачнина, повраќање и грчеви во стомакот.

Хигиено-епидемиолошката служба на Здравствениот дом во соработка со Институтот за јавно здравје и денес ќе продолжи со спроведување епидемиолошко анкетирање на граѓаните со стомачни проблеми, како и земање примероци за микробиолошка анализа.

Институтот за јавно здравје се уште нема никакви податоци за причините за епидемијата во општина Беране, а како што пренесуват агенциите, се верува дека истата е последица на неисправната вода за пиење.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора