Црна Гора распродава воена опрема

Од:

Планираат да заработат 4.5 милиони евра од продажбата на вишокот оружје и опрема, на воената авијација и остануваат само хеликоптерите, пишуваат Вести.

Парите добиени од продажба на имотот ќе можат да ги користат исклучиво за модернизација на вооружените сили.

Според нацрт буџетот за следната година, приходите кои Министерството за одбрана ќе ги оствари од продажба на оружје и воена опрема, продажба и издавање на поранешниот воен имот (недвижности) и вршење услуги, ќе се извршуваат до 4,5 милиони евра.

Овие пари ќе служат исклучиво за финансирање на имплементацијата на партнерските цели и опремување на армијата во согласност со стандардите на НАТО. Тие трошоци Министерството за одбрана, кое го води Милица Пејановиќ Ѓуришиќ, ќе биде потребно да ги евидентира во буџетот како “трошоци за опрема.”

Како што пишуваа Вести претходно, Министерството за одбрана во текот на 2013 година планирало да ги продаде и последните четири борбени авиони наследени од југословенската армија. Наскоро се чека и официјална одлука на владата со која четирите преостанати авиони “супергалеб” (Г4) ќе бидат прогласени за воен вишок. После тоа, авионите ќе се продаваат на доверлив тендер кое ќе го распише Министерството за одбрана. Покрај тоа, на продажба ќе бидат и три авиони од типот, “утва”, по што црногорското воено воздухопловство ќе нема ниту еден авион во својата флота.

Министерството за одбрана пред речиси две години веќе продаде пет авиони “супергалеб” за нешто повеќе од 250.000 долари. Сите пет авиони се продадени на државната компанија МДИ на доверлив тендер за 50.000 долари по парче.

Освен авиони, според третиот годишен акционен програм за МАП, Министерството за одбрана прогласи за вишок и 10 пловни објекти кои ќе се обидат да ги продадат на пазарот. Од тој број, четири се воени бродови, а остатокот се помошни пловни објекти. Министерството планирало доколку во догледно време не успее да ги продаде бродовите, тие да бидат исечени и претворени во секундарна суровина.

Врз основа на одобрената материјална формација на ВЦГ, системот на одбрана располага со околу 2.000 тони вишок муниција. Дел, според планот на Министерството за одбрана, ќе биде понуден на продажба преку доверлив тендер, а дел ќе се додаде на листата на некои од програмите за уништување.

Би можело да ве интересира

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора