Црна Гора: Полиција прислушувала уредник и новинари во „Ден“

Од:

Црногорската полиција го прислушкувала заменикот на главниот уредник на „Ден“, Никола Марковиќ и новинарите Митра Ракичевиќ и Дражен Живковиќ, за да ги откријат нивните извори и политички контакти.

Марковиќ како што се наведуваат подгоричките медиуми, бил под тајни надзори надгледуван поради аферите Листинг, Телеком и објавувањето на тајни документи од истрагата која е водена против наркобосот Дарко Шариќ.

Со прислушкувањето биле пратени контактите на Марковиќ, со лидерите од опозицијата, представниците на невладиниот сектор и независни медиуми.

Министерот за внатрешни работи, Рашко Коњевиќ наложи итна контрола на работата на службениците во оделот за посебни контроли, поради сериозно сомневање, дека во текот на минатата година го злоупотребиле уредот за прислушкување.

Поранешниот директор на полициската управа, Божидар Вуксановиќ негираше дека за време на неговиот мандат прислушкувале новинари, а уште помалку дека тоа било по негов налог.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора