Црна Гора наименува постојан претставник во Косово

Од:

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај, денеска го прими Радован Миљаниќ, кој му ги предаде акредитивните писма со кои тој е наименуван за постојан преставник во амбасадата на Црна Гора во Косово.


За време на средбата Хоџај високо ја оценил билатералната соработка со Црна Гора, нагласувајќи ја определбата на Косово за унапредуваљње на косовско-црногорските билатерални односи и соработката во повеќе области, јави дописникот на МИА.


Хоџај ја поздрави одлуката на Црна Гора да испрати постојан претставник во амбасадата во Приштина, посакувакќи му на Миљаниќ успех  на новата функција.


Министерот Хоџај соопштил дека набрзо и Република Косово ќе го одреди својот дипломатски претставник во Црна Гора, додавајќи дека е многу значајно за добрососедските односи и функцинирањето на диплоламтските мисии во двата главни града.


Црногорскиот постојан претставник Миљаниќ изјави дека за време на неговиот мандат во Приштина, ќе биде во служба на зајакнувањето на односите и соработката меѓу двете земји.


Отворањето на амбасадата беше најавено на средбата во Брдо меѓу Хоџај и неговиот црногорски колега Игор Лукшиќ.


Официјална Подгорица отворањето на амбасада и именувањето амбасадор го условуваваше со обезбедување гаранции од косовските власти дека црногорското малцинство ќе биде признато и ќе влезе во Уставот на Косово.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора