Црна Гора: На суд, бидејќи со бакнеж му пречела на полицаец

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Против извршната директорка на Мрежата за афирмација на невладиниот сектор полицијата поднесе пријава за прилично необичен разлог.

Мрежата за афирмација соопшти дека против извршната директорка, Вања Чаловиќ е покренет процес, бидејќи во тек на перформанс минатата година „му пречела и омаловажувала“ полициски службеник, така што го бакнала.

Адвокатот на МАНС, Веселин Радуловиќ изјави дека Судот за прекршок во Подгорица тој процес го покренал по барање на Управната полиција на Црна Гора.

Радуловиќ додаде дека директорката е обвинета дека во текот на перформансот пред Уставниот суд во Црна Гора, пречела и омаловажувала полициски службеник, така што го прегрнала и бакнала во лице.

Подгоричкиот суд за прекршоци ја казнил Чаловиќ со 600 евра, бидејќи на перформансот залепила и натпис „Уставниот суд на првото семејство“.

Од МАНС тогаш соопштија дека пресудата претставува грубо кршење на законот, бидејќи таа немала право на одбрана.

Невладината организација наведе дека директорката не била известена за судењето и донесувањето на пресудата, и дека тоа претставува скандал.

-Подгоричкиот Суд за прекршоци, покрај грубото и отворено кршење на правата за одбрана, го повреди и правото на слобода и изразување и мирно собирање, кое го гарантираат Европската конвенција, но и Уставот на Црна Гора – соопшти МАНС.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора