Црна Гора: Мерка притвор за Маровиќ

Од:

Претседателот на Политичкиот совет на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДСП) , Светозар Маровиќ, кој е долгогодишен близок соработник на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, ќе ги мине наредните 30 дена во притвор. Одлуката е донесена откако во текот на минатата ноќ судијата го сослушал поранешниот претседател на државната заедница на Србија и Црна Гора.

Маровиќ е уапсен во вчера во Подгорица поради сомнение за злоупотреба на службената должност, покренување и соработка во малверзации со продажба на земјишта.

Адвокатот на Маровиќ, Здравко Беговиќ изјави за новинарите дека ќе поднесе жалба за одлуката за притвор,  и дека неговиот клиент во Специјалното обвинителство ја негирал вината, бидејќи, како што кажал во тој период не извршувал никаква државна или друга должност.

Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ рече дека не е неговара работа да ја коментира одлуката на обвинителството.

Опозицијата ги поздравува активностите на обвинителството, и оценува дека секоја треба да одговара за своите дела.

Единствено опозициската Чекор за промена има мислење дека апсењето на Маровиќ е направено под притисок на меѓународната заедница.

Специјалното обвинителство минатиот месец издаде налог за апсење на Милош Маровиќ (синот на Светозар Маровиќ), обвинет за малверзација при продажба на 26.000 квадрати на неурбанизирано земјиште во Будва, со која има нанесено штета на градот во вредност од 1,4 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора