Црна Гора: Мајчиниот јазик останува мајчин, одлучи Уставниот суд

Од:

Уставниот суд на Црна Гора ги прогласи за неуставни измените на Законот за образование, усвоени од Собранието врз основа на Договорот за јазикот со кои училишниот предмет Мајчин јазик се применува во Црногорско-српски, Босански и Хрватски јазик и книжевност.

Уставниот суд таквата одлука ја донесе постапувајќи врз основа на иницијативата на Матица Црногорска, пренесуваат црногорските медиуми.

Договорот што во 2011 година го постигна опозицијата со тогашниот премиер Игор Лукшиќ доведе до усвојување измени на Законот, што беше еден од условите на Европската комисија да предложи отворање на преговорите на ЕУ со Црна Гора.

Матица Црногорска во јануари минатата година до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценка на уставноста на одредбите од Законот за образование кои се однесуваат на употребата на службениот јазик.

Опозицијата денеска порача дека со одлуката на Уставниот суд е загрозен договорот за уставни промени, што е услов за продолжување на европската интеграција на Црна Гора.

Лидерот на Новата српска демократија Андрија Мандиќ оцени дека одлуката на Уставниот суд претставува континуитет на дискриминаторската политика кон Србите во Црна Гора. Тој рече дека пред гласањето за измените на Уставот се уште не е доцна опозицијата да ги заштити интересите на најбројната јазична заедница во Црна Гора, односно оние кои зборуваат српски јазик.

Претседателот на Движењето за промени Небојша Медојевиќ оцени дека одлуката на Уставниот суд е налудничава, опасна и понижувачка.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора