Црна Гора ќе го менува Уставот поради ЕУ

Од:

Владеачката коалиција и дел од црногорската опозиција постигнаа договор за уставни промени во областа на правосудството, што е еден од условите за понатамошен напредок кон ЕУ.

За промена на Уставот на Црна Гора, потребно е двотретинско мнозинство во парламентот.

Уставниот одбор го прифати предлогот за измена на највисокиот правен акт, со кој се предвидува државниот обвинител и судиите на Уставниот суд да се избираат со двотретинско мнозинство во парламентот, а доколку такво мнозинство не се постигне ќе биде потребна поддршка од три петини пратеници.

Црногорскиот парламент за измените на Уставот во областа на правосудството ќе се изјасни на седницата која е закажана за 31-ви јули.

Уставните промени се еден од условите Црна Гора да продолжи со преговорите во поглавјата 23 и 24, кои Европската комисија ги оцени како клучни за натамошен напредок на државата во европските интеграции.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора