Црна Гора го одбележува Денот на државноста

Од:

Во Црна Гора денеска се одбележува Денот на државноста, во знак на сеќавање на 13-ти јули 1868 година, кога на Берлинскиот конгрес беше признаена како самостојна држава, а на истиот датум 1941 година го започна народното востание против фашизмот.

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ вчера по повод Денот на државноста приреди свечен прием во Синиот двор на Цетиње.

Тој истакна дека слободата и антифашизмот се обединети во еден ден, 13-ти јули.

Во Подгорица вчера беа доделени и Тринаесетјулските награди. Овогодинешните лауреати се политикологот Ратко Кнежевиќ и писателите Илија Лакушич и Гојко Челебич.

По повод Денот на државноста 13, 14 и 15-ти јули се прогласени за неработни денови во Црна Гора.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора