Црна Гора: Аналогниот сигнал оди во историјата, од денеска HD

Од:

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ денеска официјално ќе пушти сигнал со кој ќе започне дигиталното емитување на програмата на Радио и Телевизија Црна Гора.

Владата на Црна Гора објави дека дигитализацијата на црногорскиот јавен сервис е цивилизациски чекор напред кој на граѓаните ќе им го донесе највисокиот светски стандард за слика и звук.

На овој голем ден за РТЦГ му претходеше макотрпна работа за реновирање на просториите, набавка на технички и технолошки капацитети, модернизација на мобилната техника, со цел сè да биде подготвено за HD сигналот да почне на Јубилејот – 75 години Радио и 55 години Телевизија на Црна Гора (ТВЦГ), соопшти црногорската Влада.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора