Ципрас: Разликите треба да се решаваат преку дијалог

Од:

Разликите што постојат треба да се решаваат единствено преку дијалог, изјави синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас на средба со вселенскиот патријрах Вартоломеј во Атина.

Како што јавија грчките медиуми, Ципрас нагласи дека Грција во моментов се соочува со три кризи – економската криза во Европа, која, според него, се уште не е завршена, бегалската криза и кризата на дестабилизација и конфликти во регионот.

– Ставот на грчката Влада е дека единствен начин за надминување на разликите е патот на дијалогот, изјави Ципрас.

Тој нагласи дека Грција „не сака да биде дел од проблемот, туку дел од решението и не само дел од кризата, туку и дел од решението“.

Патријархот Вартоломеј од своја страна нагласи оти верува во дијалогот, додавајќи дека проблемите во црквата и општетсвото треба да се решаваат пореку дијалог, а не со оружје.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески