Ципрас предлага отпишување на долгот на јужните земји членки од еврозоната

Од:

Лидерот на грчката опозиција Алексис Ципрас во интервју за британскиот весник „Гардијан“ предлага европска средба за отпишување на долгот на јужните земји членки од еврозоната.

Целта на средбата е да се најде конечно решение за должничката криза. Според лидерот на Коалицијата на радикалната левица СИРИЗА досега донесените решенија по ова прашање не се ефикасни.

Ципрас истакнува дека земјите кредитори на Грција и на другите членки од еврозоната треба да имаат поука од историјата и да се справат со проблемите со огромниот долг на начин на кој Германија го направила тоа по завршувањето на Втората светска војна.

Според него, единствено ефикасно решение е отпишување на долгот не само за Грција, туку за целиот јужен дел на ЕУ, додавајќи дека колкку повеќе се забавува отпишувањето толку поголема ќе биде социјалната и економската цена.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески