Ципрас не прифаќа уцени, најави референдум

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека не прифаќа веќе уцени и дека во Грција на 5 јули ќе биде одржан референдум за тоа дали Грција ќе го прифати или отфрли предлогот на меѓународните кредитори.

За ова веќе ги информирал францускиот претседател Франсоа Оланд, канцеларката Ангела Меркел, како и шефот на Европската централна банка, Марио Драги.

„После пет месеци тешки преговори, нашите партнери, за жал, изнесоа предлог кој што е ултиматум за грчката демократија и грчкиот народ. Ултиматум кој што е спротивен на основните принципи и вредности на Европа“, рече Ципрас во обраќањето на државната телевизија.

На референдумот Грците ќе одлучат дали ќе ги прифатат условите што ги нудат кредиторите – ММФ, ЕУ и Европската централна банка, односно дали ќе се согласат на зголемување на даноците и намалување на пензиите во вкупна вредност од 8 милијарди евра, за кредиторите да пуштат нова транша од помош за грчката економија.

Европските кредитори и ММФ на Грција и понудија спогодба која што грчката влада ја отфрли како неприкладна.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Ципрас: Дилемата на изборите е демократија или Мицотакис

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

Ципрас бара оставка од Мицотакис

А1он

Ципрас смета дека можно е Мицотакис да оди на предвремени избори

А1он

Ципрас: Случаите со прислушувањата се голем удар за самата демократија и ја ставаат во опасност

А1он