Ципрас смета дека можно е Мицотакис да оди на предвремени избори

Од:

Сметам дека е многу веројатно господинот Мицотакис да не го отвори повторно Парламентот по расправата за буџетот и да оди на предвремени избори, оцени лидерот на грчката опозициска партија Алексис Ципрас во интервјуто за телевизијата „Стар“ од централна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Расправата во Парламентот започна вчера, а гласањето на буџетот е закажано за сабота, најдоцна на полноќ.

-Сметам дека прикривањето на нелегалните прислушувања е уште полошо од самиот криминал што е извршен. Така, сметам дека е многу веројатно господинот Мицотакис да не го отвори повторно Парламентот по расправата за буџетот и да оди на предвремени избори. Ова, го сметам за веројатно, рече Ципрас.

Паралелно, не ја отфрли можноста да достави предлог за гласање недоверба на Владата, меѓутоа, објасни дека сепак, тоа нема да го расчисти скандалот со прислушувањата.

-Расчистувањето на скандалот го очекуваме од институцијата која е законски надлежна да расчистува скандали, тоа го очекувам од грчката правда. Затоа минатиот понеделник, пред една седмица, го посетив обвинителот на Врховниот суд, господинот Дојакос и му ги покренав сите овие прашања, рече Ципрас.

Во однос на случајот со прислушувањата, лидерот на СИРИЗА го повтори неговиот став дека грчкиот премиер е на чело на скандалот, а целта е да добие информација „која во денешно време е клучна и корисна, за да контролира сè, да уценува“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Митотакис: Имаме воена состојба во мирнодопски услови

Горан Наумовски

Мицотакис го посети Волос и најави поддршка за погодените подрачја

Грција ќе обучува украински пилоти за Ф-16

Мицотакис: Ќе ги продолжам клучните реформи со забрзано темпо

Горан Наумовски

Грција: Според излезните анкети, Нова демократија на Мицотакис води на изборите

Мицотакис: Грција оди на избори во мај

Орце Костов