Ципрас итно бара план за справување со миграцијата во Медитеранот

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика владите на членките на Евопската унија итно да направат план со цел справување со бранот бегалци и мигранти кои пристигнуваат во Европа, особено по последната катастрофа во Медитеранот.

– Последната хуманитарна трагедија со стотици мртви во морето крај Лампедуза не исполни со тага и загриженост. Никој од нас не може да биде пасивен кога стотици души се изгубени во Медитеранот, во обид да избегаат од војна и сиромаштија. Европа не може да ја цени вредноста на човечкиот живот, освен ако не преземе мерки за да се спречи оваа трагедија која трае. Да го запре Медитеранот да биде море – гробишта, а јужните европски земји магацини за човечките душри“, се вели во пишаната изјава на Ципрас.

Тој истакна дека испратил итно барање до владите на членките на ЕУ итно да направат план за справување со хуманитарната криза со која се соочуваат и оти планот треба да се занова на три нивоа: надградување на структурите за справување со миграцијата и барање и спасување во Медитеранот, поддршка на европските медитерански земји кои примаат мигранти и бегалци, преземање дипломатски иницијативи за мирно решавање на конфликтите во Сирија, Ирак и Либија, како и ефективно справување со џихадизмот.

Ципрас информира дека телефонски разговарал и со италијанскиот премиер Рензи „за да изрази жалење за жртвите во трагичниот инцидент“ и да го поддржи неговиот предлог за итен состанок на Европскиот совет на кој ќе се дискутира за справување со миграцијата во Медитеранот.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос