Ципрас: Грција не отстапува од своите „црвени линии“

Од:

Премиерот на Грција Алексис Ципрас изјави дека Атина и кредиторите пронашле заедничка почетна точка во преговорите, но Владата нема да отстапи од своите „црвени линии“ како што е одбивање за намалување на платите и пензиите.

Ципрас синоќа рече дека двете страни се договориле за фискалните цели и ДДВ, но не се согласуваат за прашањата кои се однесуваат на вработените и пензиските реформи.

Премиерот на Грција додаде дека договорот треба да содржи и низок примарен буџетски суфицит за 2015/2016 година и реструктуирање на долгот.

– Од ова место сакам да го уверам грчкиот народ дека нема шанси грчката Влада да попушти за прашањата за пензиите и правата на вработените, изјави Ципрас на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески