Ципрас: Европа има потреба од нова визија

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Европа треба да се промени или ќе се соочи со егзистенцијална криза, која може да доведе до ќор сокак, пишува весникот „Катимерини“.

Ципар го даде овој коментар синоќа по сребата на врвот на Унијата во Братислава, каде лидерите на 27 земји членки на ЕУ се собраа првпат по решението на Велика Британија да го напушти блокот.

Ципрас изјави дека има консензус за прашањето дека проектот за европската интеграција веќе не е извор на инспирација за граѓаните на ЕУ.

– Затоа Европа треба да има нова визија, истакна тој.

Како што објасни Ципрас, и покрај несогасувањата за мерките, кои треба да се преземат, идејата за социјално ангажиран дневен ред постепено добива на интензитет.

– Си заминувам од средбата со претпазлив оптимизам, дека нешто ќе се промени, заклучи грчкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе