Ципрас денеска треба да се сретне со Меркел и Оланд

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска треба да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на маргините на состанокот на лидерите на Европската унија во Рига, со надеж дека неговите колеги ќе дадат политички поттик потребен за успешно да се завршат преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори.

Официјална Атина се надеваше дека преговорите за договорот за спас на Грција ќе бидат вклучени во дневниот ред на дводневниот собир во Летонија, но Европскиот совет го одби барањето затоа што состанокот во Рига е Самит на Источното партнерство, кој ќе се фокусира на прашања во врска со Источна Европа .

Сепак, Ципрас се надева дека неговата средба со Меркел и Оланд ќе резултира со некој вид на политички гест, кој ќе ги забрза и насочи разговорите со институциите.

Грчкиот лидер се очекува да им каже на своите колеги дека неговата Влада има направено отстапки колку што може, и оти заемодавците сега мора да најдат начин да се доближат до Грција. Добро упатени извори велат дека премиерот ќе истакне оти договорот ќе мора да покаже дека има промена во политиката кон Грција.

Средбата ќе се одржи еден ден откако министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле изјави дека не може да гарантира дека Грција нема да банкротира.

– Ќе мора многу да размислам пред да го повторам тоа во сегашната ситуација, рече тој во одговор на прашање од „Вол стрит џурнал“ и францускиот весник „Лес Ехос“ за тоа дали ќе го повтори уверувањето што го даде во 2012 година дека Грција ќе остане солвентна.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески