ЦИА: Хрватска била подготвена да го бомбардира Белград

Од:

Поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман бил подготвен да го бомбардира Белград за време на акцијата „Бура“, во случај тогашната Југословенска армија да тргнела во помош на Србите од Краина, објавено е во еден од 300-те неодамна обелоденети документи на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Загребскиот весник „Јутарњи лист“ пишува дека во врска со тоа припадниците на специјалниот одред на ЦИА за Балканот го информирале седиштето во Вашингтон на 21 јули 1995 година.

Меѓу 300-те документи за војната во БиХ, од кои е отстранета ознаката „доверливо“, на десетина страници многу детално е опишана тогашната ситуација во Хрватска, а бил, како што се наведува, предвиден и развојот на некои случувања.

– Нивниот заклучок е јасен – Хрватска ќе тргне во напад на Србите од Краина, пишува во еден од тие документи, додавајќи дека американските оперативци згрешиле во проценката кога ќе се случи нападот, односно дека еден месец пред воената акција „Бура“ тие ги информирале своите шефови дека хрватската офанзива ќе се случи дури на есен истата година.

Разгледувајќи ја можната реакција на Белград на офанзивата на хрватската војска, разузнавачите на ЦИА процениле дека тогашниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ во одбрана на самопрогласената Република Српска Краина би можел да испрати околу 22.000 војници и 700 тенкови и тешко вооружување.

Високи хрватски претставници ги увериле разузнавачите на ЦИА дека во тој случај Загреб сигурно ќе одговорел со бомбардирање на Белград.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада