Читу назначен за мандатар за преодна романска влада

Од:

Претседателот на Романија Клаус Јоханис изјави денеска дека го назначил привремениот министер за финансии Флорин Читу за мандатар за формирање преодна влада до парламентарните избори во ноември.

Читу мора да формира кабинет во рок од 10 дена и да добие доверба во Парламентот.

-Сакам брзо да излезам од овој ќор-сокак. Мој кандидат за премиер е министерот за финансии. Се надевам дека наскоро ќе состави влада, владина програма и ќе ја претстави пред пратениците, изјави Јоханес.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија