ВИДЕО: Четворица заразени со коронавирус во Бугарија

Од:

Во Бугарија потврдени се четири случаи на заболени со коронавирус. Во болницата во Плевен две лица се заразени со коронавирусот, а во болницата во Габрово исто така тестовите покажале позитивен резултат од коронавирус кај двајца.

Во Плевен тестовите покажаа коронавирус кај 27-годишен маж. Тестирани беа 24 лица во болницата и позитивен на коронавирус беше и маж на 61 година, пренесува БГНЕС.

Во Габрово позитивни на коронавирус се 75-годишна жена и уште една жена, дел од медицинскиот персонал во болницата.

Поради Ковид-19 бугарската Влада денеска одржа вонредна седница, на која премиерот Бојко Борисов изјави дека се претпоставува дека нултиот пациент пристигнал од Грција.

– Личната самодисциплина во ситуацијата е многу важна. Луѓето треба да почекаат со јавните собири, изјави Борисов.

Тој додаде дека продавниците имаат доволно храна и оти луѓето не треба да прават резерви.

Борисов најави и дека попладне ќе се сретне со претставниците на компаниите кои произведуваат медицински материјали.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит