Челик: ЕУ дејствува многу бавно во однос на доделувањето на помош за сириските бегалци

Од:

ЕУ дејствува многу бавно во однос на доделувањето на помош на сириските белгаци, додека истовремено Турција за нив потроши 25 милијарди долари, изјави денеска турскиот министер за ЕУ Јомер Челик, јави ТАСС.

– Товарот од бегалците не може да го издржат десет земји, а камоли една. Имаме склучено договор со ЕУ за финансиска помош за бегалците, но Европа ја дава многу бавно, истакна Челик на седницата на Заедичката комисија на Турција и ЕУ во Анкара.

Тој нагласи дека Турција досега има потрешено 15 милијарди долари за бегалците, а со средствата од невладините организации таа сума достигнува 25 милијарди долари.

– Истовремено во многу земји во Европа се предвидуваат референдуми по прашањето за прием на 300-400 белгаци, што е срамно. А ние се занимаваме со три милиони, забележа Челик.

– И покрај тоа што Турција не е членка на ЕУ, ние чувствуваме дека носиме одговорност за иднината на Европа. Сакаме независност во преговарачкиот процес за членство во ЕУ, да имаме единство со Европа во однос на политичките идеали, наведе тој.

Според него сепак во последно време во европските држави се зголемуваат антитурските, ксенофобичните и расистичките настројувања, што не се совпаѓа со идеалите на ЕУ.

Во врска со операцијата „Еуфратски штит“ во Сирија, спроведена од Турција и Слободната сириска армија на 24 август, Челик забележа дека на тој начин се обезбедува безбедноста на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски