Чавушоглу: Ќе се откажеме од Договорот за реадмисија

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се закани дека Турција ќе се откаже од Договорот за реадмисија со ЕУ се додека европскиот блок не го исполни своето ветување за безвизен режим на турските државјани.

– Ние нема да чекаме на вратите на ЕУ. Беше договорено дека Договорот за реадмисија и безвизниот режим ќе стапат во сила истовремено, истакна Чавушоглу.

Официјална Анкара се согласи да ги враќа мигрантите кои илегално пристигнуваат на територијата на ЕУ, а за возврат да добие безвизен режим за граѓаните на Турција.

Односите меѓу Брисел и Анкара се влошени во последните неколку месеци.

Одредени членки на ЕУ ја обвинуваат Турција за непочитување на европските вредности и стандарди, и бараат прекин на преговорите со Анкара.

Од друга страна, односите меѓу ЕУ и Анкара дополнително се влошија поради истражувањата на турските бродови во ексклузивната економска зона околу Кипар.

Грција и Кипар ги обвинуваат властите во Турција дека го нарушуваат грчкиот и кипарскиот територијален интегритет и морските права, барајќи од Анкара итно да ги прекине сите „провокативни активности“ во источниот дел на Медитеранот.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски