Чавушоглу: ФБИ започна истрага за ФЕТО

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавошоглу изјави денеска дека ФБИ почна сериозна истрага во врска со т.н. Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)

Чавушоглу прецизираше дека на некои места, вклучително и во државата Њу Џерси, спроведени се неколку апсења.

Турција го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, и неговото движење за организирање на обидот за преврат во јули 2016 година.

Чавушоглу и вчера рече дека американскиот претседател Доналд Трамп му кажал на својот турски колега Реџеп тајип Ердоган дека Вашингтон работи на екстрадиција на Ѓулен.

Турција одамна бара екстрадиција на Ѓулен, кој живее во САД близу 20 години. Ѓулен негира секаква поврзаност со обидот за преврат.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност