Цените на пензионерските домови во Хрватска осум пати пониски од ЕУ

Од:

Бизнисот за сместување на стари и немоќни лица е еден од најперспективните во Хрватска, бидејќи животниот век е се подолг, а популацијата старее и постои голема потреба за таков капацитет. Дополнителна предност на земјата е што тука цената на таа услуга е релативно ниска во однос на Швајцарија и Германија. Во Хрватска цената на сместувањето е 4 до 6 илјади куни, а во земјите како Швајцарија или Германија и над 4.000 евра (30.000 куни).

Бизнис на иднината

Дека се работи за дејност која во следниот период ќе има голем раст, се согласува и Дубравка Лекиќ, вараждинска директорка, успешна членка на Хрватското здружение на работодавци (ХУП), која во последните 30 годии изградила цел бизнис за грижа на здравјето и рехабилитација. Нејзиното деловно царство опфаќа Пензионерски дом за немоќни лица во Вараждин, Центар за рехабилитација во Вараждин, Институција за здравствена нега и рехабилитација во домот, а на пошироката јавност веројатно е најпозната нејзината компанија „Терме Језерчица“.

– Иако веќе подолго од една година сме во ЕУ, се уште не е потпишан ниту еден меѓународен договор кој би им овозможувал на странски државјани да доаѓаат во нашите сместувачки капацитети. Тоа прво се однесува на можноста осигурителните и социјалните општества во другите земји да имаат законска основа да го финансираат престојот на своите осигуреници во Хрватска, а за што сум сигурна дека постои голем интерес, вели Лекиќ.

Дубравка Лекиќ се занимава со приватен бизнис од 1984 година, кога се вратила од Швајцарија, каде работела во домови за стари и немоќни лица. Нејзиниот Центар за рехабилитација во Вараждин сместува лица со телесни или интелектуални потешкотии, а вкупниот капацитет е 370 кревети на две локации.

– Нудиме услуги на психосицијална рехабилитација, индивидуални тренинзи, излети и спортски активности на отворено (нордиско одење, пливање, планинарење). Тоа се и третманите за релаксација. Бовен терапија и креативни работилници. Исто така, нудиме рехабилитација на лица со мултипла склероза, мускулна дистрофија, на лица со повреди на главата и карлицата. Третманите ги вршат високо образовани лиценцирани експерти, специјализирани за спроведување на специјална рехабилитација. На располагање се лекари од сите области на медицината, вели Лекиќ.

Од пред три години Центарот интензивно спроведува проекти за кои повлекува средства во ЕУ. Моментно се спроведуваат два проекта, со вкупна вредност од три милиони куни, а пријавен е уште еден проект кој е во фаза на оценување.

Посебна нега

Со спроведувањето на овие проекти, Центарот развива нови модели на социјални услуги за лица со инвалидитет кои се сместени во институции и за лица со инвалидитет кои живеат дома. Домот за стари и немоќни лица од 1993 година вдомува лица во многу тешки состојби, на кои им треба 24 часа специјална медицинска нега.

– Домот исто така сместува и лица со сите видови на деменција, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест, со што повторно сме единствени на пазарот, имајќи предвид дека лицата кои се во толку тешка состојба имаат потреба од посебен вид на грижа и нега. Специјализирани сме за рехабилитација на лица кои имале мозочен удар, а спроведуваме и рехабилитација на лица по ортопедски оперативни зафати. Сместувачкиот капацитет е 148 кревети. За лицата кои работат во нашите институции организираме минимално еднаш месечно интерна едукација, наведе директорката.

Грижа за здравјето и рехабилитација: Мобилна нега на стари лица

Дубравка Лекиќ има големи очекувања од својата компанија „Институција за здравствена нега и рехабилитација дома“, бидејќи генерално смета дека во специјализираните домови треба да има само неподвижни корисници, а за сите други треба да се организира ефективен систем на дополнителна грижа во самите нивни домови или станови, а тоа ќе биде тренд.

„Терма Језерчица“

Во Доња Стубица е сместена бањата „Терма Језерчица“ која е еден од најсовремените термални капацитети во Загорје во Хрватска. Инвестицијата од 30 милиони куни и базенските и другите капацитети се изградени во 2012 година, а од тогаш постојано се инвестира во нови содржини, додека плановите за иднината на оваа бања се уште поамбициозни.

Пословни дневник – Загреб

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари