Букурешт е град со најкраток животен век кај луѓето поради загаденост на воздухот

Од:

Романската престолнина Букурешт е градот каде животниот век кај луѓето е многу намален како резултат на загадувањето на воздухот, покажуваат резултатите од истражувањето, во кое биле вклучени 25 европски градови.

Анкетата покажува дека загадувањето на воздухот претставува опасност за здравјето, што може да предизвика срцеви и белодробни заболувања и да биде причина за намалување на животниот век.

Истражувања, кои биле извршени во период од 15 години, покажале дека жителите на еден град, како што е на пример Париз, можат да загубат меѓу три и седум месеци од својот живот поради загадениот воздух. Во Букурешт, пак, намалувањето на животниот век е најголемо и може да достигне 22 месеца. Со анкетата биле опфатени 25 градови, од кои девет француски.

Густиот сообраќај го скратува животот на луѓето, бидејќи половина од азотните емисии во воздухот доаѓаат од него, а автомобилите, кои користат дизел гориво, се на прво место во овој однос.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет