Бугарското Собрание ја одложи одлуката за осуда за „геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја“

Од:

Бугарското Народно собрание денеска на својата прва пленарна седница во оваа година, го одложи изјаснувањето по Предлог-одлуката за осуда на геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја во периодот од 1396 до 1913 година, иницирана од националистичката партија Атака.

Како што јави БТА, решението за одлагање на изјасувањето по одлуката го предложи независниот пратеник Муса Пале со образложение дека Собранието за ова прашање не добило мислење од парламентарната Комисија за надворешна политика.

На ова реагираше пратеникот Димитар Бајрактаров од националистчката колаиција Патриотски фронт, кој истакна дека не е важно дали Комисијата за надворешна политика се произнела по ова прашање и побара Парламнетот сепак да гласа за предлогот „за да се види кои (пратеници) ја уважуваат сопствената нација“.

Против предлогот на Атака се изјасни независниот пратеник Љутви Местан, кој оцени дека „периодот на отоманското владеење не ги исполнува критериумите за ропстви и не може да се карактериизра како геноцид“. Според него, евентуалното такво решение на Парламентот би било „апсолутен преседан во светската политичка историја“ и гласањето по оваа одлука би довела до поделби во општетсвото.

Со предложениот текст на одлуката за осуда се предвидува 17 мај – денот на масакрот во селото Батак, да биде прогласен за Ден на почит кон жртвите на геноцидот врз Бугарите во Отоманската Империја.

Баташкиот масакр се случил на 17 мај 1876 година, кога по задушувањето на Априлското востание, припадници на османлискиот башибозук ликвидирале голем број христијански жители во селото Батак во реонот на Пазарџик во југозападна Бугарија. Според различни податоци, при масакрот биле убиени меѓу 1.500 и 5.000 локални жители.

Според предлагачите на осудата, со оваа иницијатива се сака да се изнесе пред јавноста „ставењето пот тепих на 500-те години турско ропство“.

Атака досега во шест наврати предлагаше слична иницијатива, но Собранието не се произнесуваше по овие предлози.

Лидерот на Атака, Волен Сидоров при последното одлагање на ваквата иницијатива во ноември минатата година, изјави дека таквата постапка на пратениците е доказ за влијанието на Турција врз бугарската политика.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори