Бугарското Собрание го избра Бојко Борисов за нов премиер

Од:

Бугарското Народно собрание денеска го избра лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов за нов премиер на Бугарија, јави БТА.

„За“ изборот на Борисов гласаа 133 пратеници, додека 100 се изјаснија против.

Попладнево Собранието треба да гласа и за избор на Владата на Борисов, која ќе има четворица вицепремиери и 18 министри.

Во своето обраќање пред пратениците пред изборот, Борисов изјави дека по волја на бугарскиот народ ГЕРБ и коалицијата Обединети патриоти (ОП) ја „преземаат одговорноста за управување со земјата во следните четири години во моменти кои се историски за светот и Европа“.

Борисов нагласи дека двете страни до договорот за коалициско партнерство стигнале со надминување на меѓусебните разлики и со утврдување на основните приоритети на земјата, како почитување на евроатланскиот пат, гарантирање на националната безбедност, заштита на државните граници, обезбедување повиски плати за граѓаните и подобрување на квалитетот на образованието.

Борисов најави дека еден од приоритетите на неговата Влада ќе биде усвојување на нов антикорупциски закон, со кој ќе биде формирано ново тело за борба против корупција, кое ќе ја земени сегашната антикорупциска комисија.

– Ќе извршиме истрги за корупција во високите нивоа на власта, вети Борисов.

Пред денешното гласање во Парламнтот, предлог-листата на кандидати за членови на неговиот Кабинет, Борисов ја достави до претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори