Бугарско-холандска соработка во кибер одбраната и бегалската криза

Од:

Кибер одбраната и бегалската криза беа главни теми на денешната средба на бугарскиот министер за одбрана Николај Ненчев со неговата холандска колешка Жанин Хенис-Пласхарт, јави БТА.

Хенис-Пласхарт престојува во дводневна официјална посета на Бугарија по покана на Ненчев.

– Разговаравме за прашања поврзани со кибер одбраната и кибер безбедноста, посочи Ненчев, додавајќи дека постигнале согласност околу заемна соработка, но и конкретна помош од страна на Холандија, којао според него, е водечка во таа сфера.

Тој исто така ја запознал министерката Хенис-Пласхарт со дејностите на бугарското Министерство за одбрана во врска со бегалската криза, истакнувајќи ја неопходноста ЕУ да изгради општ заеднички став во врска со потпишувањето спогодба за реадмисија со Авганистан.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори