Бугарските пратеници го отфрлија предлогот за намалување на нивните плати

Од:

Бугарското Собрание денеска го отфрли предлог законот на коалицијата „БСП за Бугарија”, за запирање на пресметувањето на месечното покачување на платите на пратениците.

„За” предлог-законот гласаа 76 пратеници, 50 беа „против”, а 82 беа „воздржани“.

Замрзнувањето на платите го поддржаа само претставниците на предлагачите и двајца пратеници од Движењето за права и слободи (ДПС).

Коалицијата „БСП за Бугарија”, предводена од опозициската Бугарска социјалистика партија (БСП), предложи основна плата на пратениците да биде утврдена на нивото од декември 2016 и да изнесува 2.976 лева (1.521 евро), наместо 3.210 лева (1.641 евро), колку што изкесуваат сегашните пресметки.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори