Бугарскиот претседател со милионски сметки во Кипар

Од:

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев поседува милиони евра во кипарските банки.

Доцна синоќа беа објавени факсимили од документи, вклучувајќи го и неговиот личен пасош.

„Меѓународната истрага на независни новинари откри пари во офшор компании на претседателот Росен Плевнелиев во Кипар. Речиси 1 милион долари претседателот добил од договори во бизнисот со Linder, компанијата, инвеститор во Бизнис Парк Софија. Во 1999 година трансакциите се реалаизирани од Плевнелиев „Линдер-Ирис Имобилен“ со кого е потпишан договор за консултантски услуги со регистрираната во Кипар Inox Managment Ltd, застапуван од локалниот адвокат Џорџ Киру.

По договорот, Inox добивала 110 000 долари за анализа на пазарот на недвижен имот во корист на Линдер, а освен тоа како консултант на бугарската Инвестициона Банка Inox добила и 311 000 долари за посредување при купување на банкарски канцелариии од трговската институција за зградата, која Линдер ја гради на улицата “Лајош кошути” 4. Документите со кои располагаат бугарските медиуми од OSRA Bulgaria Ltd потврдуваат дека Росен Плевнелиев е краен сопственик на фирмата, а пристап до финансиите имала и неговата сопруга Вероника Плевнелиева.

Кларк Гаскон од Меѓународната организација Global Financial Integrity пресмета дека Бугарија во нелегални трансфери на пари во изминативе години има изгубено ноколу 16 милијарди долари“.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори