Бугарскиот претседател предложи предвремени избори

Од:

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев се заложи денеска за одржување предвремени избори како единствен демократски излез од актуелната политичка криза во земјата, во која веќе три недели се одржуваат масовни антивладини протести.

Конечната одлука за изборите, сепак, ја носи Парламентот. Плевнелиев во телевизиско обраќање до јавноста изјави дека растечките тензии во Бугарија ќе придонесат за создавање на опасни поделби.

Владата на премиерот Пламен Орешарски стапи на власт по предвремените избори на 12 мај, кои се одржани по оставката на тогашниот премиер Бојко Борисов.

Протестите почнаа како реакција на именувањето на медиумскиот тајкун за шеф на безбедносната служба, кој во меѓувреме се повлече, но прераснаа во демонстрации против владата и политичарите воопшто.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори