Бугарскиот претседател одби да го потпише Законот за воено разузнавање

Од:

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска на Народното собрание му го врати на повторно разгледување Законот за воено реазунавање, што пратениците го усвоија на 1 октомври, јави БТА.

Како што соопшти Кабинетот на Плевнелиев, претседателот се решил на ваквиот потег поради одредбата од Законот со кој се предвидува дека директор на службата Воена информација може да биде само офицер во активна воена служба.

Во образложението на одлуката на Плевнелиев се посочува дека нема никаков убедлив аргумент зошто раководител на оваа служба да не може да биде цивилно лице со искуство во сферата на националната безбедност или вооружените сили.

Плевнелиев потсетува и дека од 2012 година со оваа служба раководело цивилно лице.

Својот став Плевнелиев го образложува и со аргументот дека службата „Воена информација“ не изавршува само задачи поврзани со одбраната, туку и со националната безбедност на државата.

– Надлежностите на службата на ниту еден начин не наметнуваат потреба за ограничување на можноста нејзин раководител да биде само активно воено лице, смета Плевнелиев.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори