Борисов од Брисел: Бугарија ќе добие 29 милијарди евра од ЕУ

Од:

Бугарија ќе добие околу 29 милијарди евра од европските фондови во наредните години. Ова го најави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата на лидерите на ЕУ во Брисел.

На петтиот ден од критичните разговори, европските лидери се согласија за тоа кој и колку пари ќе потроши за борба против кризата поврзана со пандемијата. Борисов соопшти дека исходот од преговорите е неговиот „одговор“ на претходните барања за оставка кои беа упатени од страна на демонстрантите.

Новиот буџет на ЕУ до 2027 година ќе изнесува еден билион и 74 милијарди евра. Покрај тоа, вклучен е и фонд за обнова на економијата од 750 милијарди евра. 390 милијарди се наменети за грантови, а останатите 360 милијарди за заеми, пренесуваат бугарските медиуми.

Во следниот период се очекува соседна Бугарија да добие вкупно 29 милијарди евра финансиска поддршка, сума поголема од онаа на располагање во тековниот период.

„Бугарија ќе добие голем број на грантови, од кои најголемиот е во вредност од 7,7 милијарди евра. За првпат, нашата земја ќе апсорбира 200 милиони лева за сиромашните региони. Шарл Мишел е исклучителен пријател на Бугарија. Меркел исто така многу помогна. Добивме и голема поддршка од Себастијан Курц, кој одржа говор пред Советот, во кој се однесуваше како премиер на Бугарија. Тој рече дека сака нашата земја да ги прими овие 200 милиони “, рече Бојко Борисов за бугарските медиуми.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори