Бугарскиот Парламент одобри отворање комуникациски центар на НАТО

Од:

Бугарското Собрание денеска го ратификува Договорот меѓу Бугарија и Здружената команда на НАТО за отворање на комуникациски центар на Алијансата на бугарска територија.

Како што јави БТА, Договорот го поддржаа 120 пратеници, 20 беа „против“, а шестмина се воздржаа од гласање.

Со Договорот се предвиудува создавње на Комуникацско-информациски систем (КИС) на НАТО во Бугарија, кој ќе биде опслужуван од двајца офицери и 55 подофицери и војници. Договорот предвидува и дека системот може да се користи и за „национални цели, доколку со тоа не се нарушуваат обврските кон НАТО“.

Трошоците за изградбата на инфраструктурата на КИС ќе бидат поделени меѓу Алијансата и бугарското Министерство за одбрана.

За Договорот се изјаснија партиите од владејачката коалиција, како и дел од опозициските пратеници, додека против се изјаснија само пратеничките групи на Бугарската социјалистичка партија и на националистичката партија Атака.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори