Бугарскиот Парламент ги замрзна платите на пратениците и на државните службеници

Од:

Бугарскиот Парламент со 216 гласови „за“ и еден „против“ ја изгласа одлуката со која во наредните шест месеци се оневозможува зголемување на платите на парламентарците и бирократите во 27 државни институции на земјата.

Претседателот на Парламентот на Бугарија Михаил Миков изјави дека станува збор за мерки за солидарност со сиромашните граѓани и мерките за борба против економската криза во земјата.

Платите на пратениците на бугарскиот Парламент, како и другите високи претставници на земјата, се зголемуваат на секои три месеци во согласност со инфлацијата во земјата, што не ретко беше причина за негодување на граѓаните на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори