Бугарскиот министер за здравство најави построги казни за непочитување на мерките за заштита од Ковид-19

Од:

Бугарија ќе ги казнува луѓето кои нема да ја почитуваат обврската за физичко дистанцирање и носење заштитни маски на јавни и затворени места, најави денеска бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев.

Тој истакна дека поради зголемување на бројот на нови случаи на заразени со коронавирус, вонредната епидемиолошка ситуација ќе биде продолжена до крајот на месецов, со цел Владата да може пофлексибилно да издава посебни налози доколку е потребно.

Ананиев ги повика локалните власти да спроведат епидемиолошки мерки и да ги ограничат јавните собири, истакнувајќи дека казните за непочитување на мерките ќе бидат построги.

Во земјата досега се регистрирани 5.740 заразени и 246 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит