Бугарскиот министер за правда поднесе оставка

Од:

Министерот за правда на Бугарија, Данаил Кирилов денес поднесе оставка од функцијата по разговорите со премиерот Бојко Борисов.

Одлуката на премиерот за тоа дали ќе ја прифати оставката, која доаѓа откако демонстрантите против владата на Борисов ја бараат со недели, ќе биде донесена по разговорите со коалициските партнери, се вели во соопштението на бугарската Влада.

Првиот кој ја коментираше одлуката на Кирилов беше министерот за транспорт на Бугарија, Росен Желјазков.

„Оставката е личен чин, а премиерот е човек кој ги предлага министерите до Народното собрание. Колку што јас разбирам, според коалициониот договор таквиот чин престои по разговорите со партнерите од коалицијата“, рече Желјасков.

Кирилов беше избран за министер за правда на 5 април минатата година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори