Бугарскиот бизнисмен Василев не смее да ја напушти Србија до следната одлука на Судот

Од:

Вишиот суд во Белград не му одреди екстрадициски притвор на бугарскиот бизнисмен Цветан Василев, кој вчера им се предаде на српските правосудни органи, туку му забрани да го напушта местото на кое престојува во Србија и му го одзеде пасошот.

Судијата за претходната постапка во процесот за одлучување за екстрадицијата на Василев вчера донесе одлука, со која му изрече мерка забрана за напуштање на престојувалиштето, му ја одзеде патната исправа и му наложи секој работен ден, во работното време да се јавува во надлежната полициска станица, изјави за Танјуг портпаролката на Судот Душица Ристиќ.

Според неа Вишиот суд во Белград ја продолжува постапката за собирање на потребната документација за донесување на одлуката за исполнување на законските претпоставки за испорачување на Василев на Бугарија.

Бугарија распиша потерница по Василев во јули, откако беше во бегство, а тој вчера и се предаде на српската полиција.

Кога од Бугарија ќе пристигне барањето за негово екстрадирање, најпрво судските органи ќе одлучат за исполнување на условите за негова екстрадиција, а конечната одлука ќе ја донесе Министерството за правда на Србија.

Василев вчера во придружба на адвокат околу 11 часот се предаде на управа на криминалистичката полиција.

Василев е мнозински сопственик на бугарската Корпоративна комерцијална банка „Корпбанк“, чија контрола во јуни ја презеде Народната банка на Бугарија. Сите трансакции на банката тогаш беа стопирани,  блоирани се сметки со повеќе од 3,7 милијард долари, а Василев е обвинет за проневера, поради што и против него е распишана меѓународна потерница.

Пред распишување на потерницата на 28 јули, Василев побегнал од Бугарија поради сомнително работење, со што предизвикал најголема банкарска криза во Бугарија. Судот нареди да му се заплени целиот имот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16