Бугарски камионџии се обиделе да пробијат блокада на грчките земјоделци

Од:

Четворица бугарски возачи на камиони денеска претпладне удриле во блокадата на грчките земјоделци кои протестираат против пензиските реформи на царинскиот терминал во Промахонас, на грчко-бугарската граница.

Според „Катимерини“, нервозни од долгото чекање поради тековните активности на земјоделците, четворица бугарски камионџии ги запалиле моторите на камионите, возеле околу два километри покрај колона автомобили и камиони паркирани на автопатот и ги пробиле оградите на преминот. Бугарските власти ги уапсиле возачите, додека петти возач кој се обидел со истата тактика бил запрен на грчката страна од границата и однесен во притвор.

Во меѓувреме, грчките земјоделци за денеска најавија дека на неопределено време ќе постават блокада на автопатот Атина-Солун. Патни блокади веќе осум дена има во речиси сите реони во Грција, а за петок се најавени блокади со трактори и автобуси и во центарот на Атина.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори