Бугарската Влада одобри план за набавка на Ф-16

Од:

Бугарската Влада одобри план за почеток на преговори за купување борбени авиони „Локид Мартин Ф-16“ од САД, за да ја замени својата флота руски ловци „Миг-29“, изјави денеска министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

– Владата му предложи на Парламентот да и дозволи да почне преговори со САД со цел набавка на нови воени авиони, рече Каракачанов.

Министерството претходно соопшти дека на Америка не и се потребни нови дозволи и договори за да и достави авиони на Бугарија, со соодветни одобренија и вооружување, што не беше случај со понудите од Шведска и Италија.

Белата куќа вчера соопшти дека американската Влада е подготвена да работи со бугарската Влада за постигнување договор кој ќе биде во согласност со бугарскиот буџет и оперативните барања.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори